ЕУ појаснува како компаниите можат легално да плаќаат за рускиот гас

Русија во минатиот месец го намали снабдувањето со гас за Полска и Бугарија поради одбивањето да го исполнат барањето за плаќање во рубљи.

Европската комисија денеска ќе го претстави вториот дел од својот план за зајакнување на енергетската безбедност на Европската унија, како и ажурирано упатство како компаниите од ЕУ ќе можат да плаќаат за рускиот гас без да ги прекршат санкциите на Унијата против Русија. Комисијата во минатиот месец им кажа на земјите дека европските компании можеби ќе можат да плаќаат за рускиот гас, но само ако почитуваат одредени услови, откако Русија побара од странските купувачи да почнат да плаќаат за гас во рубли или ризикуваат да го загубат снабдувањето. Во ажурираното упатство, споделено со земјите на ЕУ, Комисијата го потврди својот претходен совет дека санкциите на ЕУ не ги спречуваат компаниите да отворат сметка во одредена банка, а компаниите можат да плаќаат за рускиот гас - се додека тоа го прават во валутата договорена во нивните постоечки договори и да ја прогласат трансакцијата завршена кога ќе се плати таа валута.

Русија ги санкционира европските единици на Гаспром во земјите што воведоа санкции кон неа

Речиси сите договори за снабдување што компаниите од ЕУ ги имаат со рускиот гасен гигант Гаспром се во евра или долари. Русија во минатиот месец го намали снабдувањето со гас за Полска и Бугарија поради одбивањето да го исполнат барањето за плаќање во рубљи. Неколку влади на ЕУ и големи увозници побараа поголема јасност од Брисел за тоа дали можат да продолжат да купуваат гас. Во указот на претседателот Владимир Путин се вели дека трансакцијата ќе се смета за завршена само откако странската валута ќе биде конвертирана во рубли.