Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека испораката на француско оружје за Украина ќе се интензивира во наредните денови, наведувајќи дека Франција е подготвена да одговори на дополнителните барања за помош, соопшти Елисејската палата.
Идејата на Макрон за Западен Балкан надвор од ЕУ
Во нивниот телефонски разговор, Макрон, исто така, рекол дека апликацијата на Украина за Европската унија ќе биде разгледана од членките на ЕУ на самитот во јуни и ја повтори идејата за создавање нова „политичка заедница“ надвор од ЕУ за да може полесно да се интегрира Украина.