Светската здравствена организација за Европа потврди 226 напади врз здравствени установи во Украина од руската инвазија, што претставува две третини од сите напади врз здравствената заштита во светот оваа година, изјави директорот за Европа Ханс Клуге, додавајќи дека во овие напади најмалку 75 лица загинале, а 59 се повредени. „Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се оправдани и мора да се истражат“, рече тој, наведувајќи дека здравствената агенција на ОН ќе сподели детали за нападите со украинските власти и другите независни истражители.
ОН изгласаа резолуција за истрага на наводните руски убиства, тортура и други злоупотреби во Украина
Клуге рече дека е длабоко вознемирен од извештаите за растечкото сексуално насилство во Украина, за потенцијалното избивање колера во окупираните делови на земјата и дека СЗО подготвува вакцини против колера.