Шведска и Финска денеска , како што вчера најави шведската премиерка Магдалена Андерсон заеднички ќе ги поднесат своите барања за членство во НАТО. „Во Шведска и Финска се согласуваме целиот овој процес да го поминеме заедно“, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведската метропола. „Финска и Шведска имаат долга заедничка историја. Сега ќе имаме и заедничка иднина“, додаде Андерсон. Финскиот парламент вчера се изјасни за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Северноатлантскиот сојуз.
Шведска го потпиша барањето за прием во НАТО
Во меѓувреме, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го потпиша барањето на својата земја за членство во НАТО. Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување на воениот сојуз. Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји. Андерсон и Ниинисто, како што изјави новата портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер утре во Вашингтон ќе бидат примени од американскиот претседател Џо Бајден.