Агенцијата за деца на Обединетите нации соопшти дека војната во Украина, која е меѓу најголемите снабдувачи на жито во светот, се заканува да го втурне светот во „спирална“ криза со храна, што го влошува проблемот со тешка глад кај се поголем број деца.
УНИЦЕФ во денешниот извештај мај наведува дека трошоците за спасувачкиот третман за најтешко неухранетите деца ќе се покачат за дури 16 отсто поради неиспровоцираната инвазија на Русија на Украина.
„Дури и пред војната во Украина да ја оптовари безбедноста на храната ширум светот, конфликтите, климатските шокови и Ковид-19 веќе предизвикуваа хаос врз способноста на семејствата да ги прехранат своите деца“, вели извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел.
Во извештајот се вели дека цените на суровините за готова терапевтска храна (РУТФ) се зголемени во услови на глобална криза со храна предизвикана од војната и пандемијата, додека исто така е под закана глобалното финансирање за спасување на животите на децата кои страдаат од недостаток на храна.
Без прилив на средства пред крајот на годината, уште 600.000 деца би можеле да им се придружат на 10-те милиони деца кои веќе страдаат поради тоа што немаат пристап до пакетите со храна.