Шпанската влада денеска се очекува да го одобри предлогот за измена на законот со кој се предвидува менструално боледување од три до пет дена во месецот. Со тоа таа ќе стане првата земја во Европа што ќе им дозволи на жените со силни менструални болки да не доаѓаат на работа. Извори од владејачката коалиција на шпанската Социјалистичка работничка партија рекоа дека очекуваат законот да биде одобрен по постигнатиот договор меѓу Министерството за еднаквост кое ја иницира реформата и Министерството за социјално осигурување.
Истражување за менструалната правда
На жените со болна менструација ќе им се призна правото на посебна привремена попреченост, која државата ќе ја плати од првиот ден. Законот дозволува и абортус во државниот здравствен систем и предвидува девојчињата на возраст од 16 и 17 години да не мора да имаат родителска дозвола за да ја прекинат бременоста. Во Италија сличен предлог беше поднесен во 2016 година, но никогаш не беше одобрен, додека во Германија жените можат да бараат боледување поради менструални болки, но тоа не е законско право. Надвор од Европа, правото на менструални болести постои во Јапонија од 1947 година, Јужна Кореја, Индонезија и Замбија.