Финскиот претседател Ниинисто во посета на Шведска

Претседателот на Финска Саули Ниинисто

Претседателот на Финска Саули Ниинисто, на покана на кралот Карл Густав XVI, денеска и утре ќе престојува во државна посета на Шведска. Покрај со кралската двојка, програмата вклучува средби, меѓу другите, со претседателот на парламрентот, како и со шведскиот премиер и други министри. Целта на посетата е зајакнување на се поблиската соработка и билатералните односи на Финска и Шведска во променливата ситуација во безбедносната политика. Финска покрена постапка за да му сеприклучи на НАТО со цел подобро да се справи со својата безбедност.

Шведска ќе аплицира за членство во НАТО

Шведската влада пак најавувајќи сличен чекор оцени дека влезот на земјата во НАТО ќе го подигне прагот за воени конфликти и на тој начин ќе има ефект на спречување конфликти во северна Европа. Теми на посетата ќе бидат актуелни прашања од безбедносната политика и подготвеноста за кризи. Претседателот Ниинисто последен пат ја посети Шведска во ноември 2021 година. Кралот Карл Густав Шеснаесетти и кралицата Силвија последен пат беа во државна посета на Финска во 2015 година. Покрај тоа, тие ја посетија Финска во 2017 година заедно со други нордиски шефови на држави за да ја прослават стогодишнината од независноста на Финска.