„Вечерва заеднички се согласивме околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи“, соопшти вечерва потпретседателот на опозицијата Тимчо Муцунски.
Вечерва заседава Извршниот Комитет на најголемата опозициска партија, каде како што соопштија, се разгледува актуелната состојба во државата. Како што претходно најавија од ВМРО-ДПМНЕ највисокото раководство на партијата ќе одлучи кои ќе бидат следните чекори на делување, откако веќе неколку дена ја спроведуваат активната блокада во Собранието. Оттаму најавија „потврди“ чекори кои ќе следат на активната собранска блокада.
„Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава“, изјави Муцунски.
Инаку ВМРО-ДПМНЕ ја започна т.н. активна блокада на СОбранието откако не беше договорена лидерска сметка за да се разговара за предвремени избори.