Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонскo единство со МПЦ

Македонска православна црква

Одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското општење со МПЦ-ОА беше поздравено од страна на Руската православна црква. Како што изјави Николај Балашов од Московската патријаршија, ова претставува „надминување на полувековниот црковен раскол“.

Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).


Според соопштението на СПЦ, со ова се воспоставува заеднички литургиски и канонски дијалог, бидејќи се отстранети причините за нивното прекинување предизвикани од едностраното прогласување на автокефалност во 1967 година.

„Со воспоставување на единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целиот простор на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен, туку е и наменски, легитимен и реален“, се вели во соопштението на СПЦ.

Ова е прво соопштение на Српската православна црква, откако на 9 мај Вселенската патријаршија објави дека МПЦ ја признава за канонската црква под името Охридска архиепископија, имајќи ја предвид областа на нејзината јурисдикција во границите на државата Северна Македонија.

Одлуката на Вселенската патријаршија не значи дека МПЦ-ОА доби автокефалност.