Украина денеска се подготвува за нов руски напад на истокот на земјатса, додека НАТО соопшти дека инвазијата на Москва не се одвива според планираното, а нејзиниот обид за заземање на Донбас е запрен.
Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека добил замав нејзиниот контранапад околу Харкив - вториот по големина град во земјата.
„Се подготвуваме за нови обиди на Русија да нападне во Донбас, некако да го интензивира нејзиното движење на југот на Украина“, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање доцна на 15 мај.
„Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се во ќорсокак и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе банкротирала“, додаде тој.
Претседателскиот советник Олексеј Арестович изјави дека руските војници се префрлаат во правец на Донбас по повлекувањето од Харков, по украинската контраофанзива.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вчерашниот состанок во Берлин со највисоките дипломати на Алијансата рече дека војната „не оди како што планира Москва“.
„Украина може да победи во оваа војна“, рече Столтенберг, додавајќи дека Алијансата мора да продолжи да му нуди воена поддршка на Киев.
Во Естонија, НАТО денеска ќе започне со некои од најголемите вежби досега.
Во Брисел, денеска се состанаа министрите за надворешни работи од 27-члената Европска унија за да разговараат за ситуацијата во Украина и руските санкции.
На средбата ќе присуствува и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.