Плановите на Европската унија да воведе ембарго на руската нафта беа блокирани од само една од 27-те членки на блокот, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.
„Целата Унија е заложник на една земја-членка. Мора да се согласиме, не можеме да бидеме како заложници“, рече Ландсбергис при пристигнувањето на средбата со неговите колеги.
Дипломатите на ЕУ, цитирани од Ројтерс, велат дека земјата на која мисли Ландсбергис е Унгарија.
Шестиот круг санкции на ЕУ, вклучително и забрана на руската нафта, го подготвија експерти во Европската комисија, но Унгарија и другите земји-членки, вклучително и Словачка и Чешка, изразија резервираност.