Бугарскиот претседател Радев во посета на Германија

Претседателот на Бугарија Румен Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев во рамките на посетата на Германија за да учествува на економски форум денеска во Берлин ќе има средба со Германскиот претседател Валтер Штајнмаер. Радев деновиве предупреди дека санкциите воведени од Европската унија за руските напади врз Украина не смеат да ги загрозат социјалните и економските системи на земјите-членки на Унијата и повика на одложување на новите санкции.

Радев вели дека е непримерно да се поставуваат ултиматуми на Бугарија за Македонија

„Важно е овие санкции да бидат ефективни, но да не дозволиме да му наштетат на нашиот социјален и економски систем. Суспендирањето на испораките на руската нафта нема да има добар ефект врз нашата економија“, рече Радев. Бугарскиот претседател оцени дека санкциите во ЕУ ќе имаат најтешки последици врз земјите од Источна и Централна Европа, а апелираше и на претпазливост во оваа ситуација и со цел да се постигне климатска неутралност.