Италијанската полиција спречила хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10 мај и финалето на Евровизија во Торино на 14 мај, соопштија властите.
Полицијата денеска соопшти дека за време на операциите за гласање и настапите на натпреварувачите, полицијата ублажила неколку сајбер напади врз мрежната инфраструктура од страна на хакерската група Килнет и нејзината подружница Легија.
Украинскиот бенд „Калуш оркестар“ победи на Евросонг во раните утрински часови на 15 мај, со нивната песна „Стефанија.“
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, многу западни влади го зголемија нивото на тревога во очекување на можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.
Минатата недела, проруски хакери ги нападнаа веб-страниците на неколку италијански институции, вклучително и Министерството за одбрана и Сенатот.
Нападите наводно не ја загрозиле инфраструктурата, но го попречиле пристапот до неколку веб-страници, вклучително и Националниот институт за здравство.
Италијанските медиуми соопштија дека про-Кремљ групата Килнет ја презела одговорноста за сајбер нападот.
Во април Килнет ги таргетираше веб-страниците на романската влада, наведувајќи ја поддршката на Романија за Украина во војната, според националната агенција за сајбер безбедност на земјата.