Приливот на украински бегалци кои влегуваат во Германија е забавен на околу 2.000 луѓе дневно.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска рече дека бројот е намален од околу 15.000 луѓе дневно во средината на март, кога руската инвазија на Украина беше почната само неколку недели.
Фазер, беше цитирана од Рајнише пост, како вели дека повеќето од украинските бегалци на крајот ќе се вратат во Украина.
Сепак таа рече дека некои ќе останат „ако видат шанса на германскиот пазар на труд со своите квалификации“.
Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ денеска објави дека германските власти регистрирале повеќе од 700.000 украински бегалци откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Околу 40 отсто од украинските бегалци се малолетни, а нешто повеќе од 80 отсто се жени, според весникот, кој се повикува на податоци од Министерството за внатрешни работи.
Повеќе од 6 милиони Украинци ја напуштиле својата земја од почетокот на војната, според Обединетите нации.