Зеленски - Никој не може да предвиди колку долго ќе трае војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека иако војската на Украина прави сѐ што може за да ги истера руските сили од украинска територија, посочи дека „никој денес не може да предвиди колку долго ќе трае оваа војна“.

Зборувајќи вчера за време на неговото ноќно обраќање, Зеленски рече дека исходот на војната ќе зависи, не само од украинскиот народ, туку од „нашите партнери, од европските земји, од целиот слободен свет“.

Руските сили претрпеа големи загуби за време на нивната инвазија на Украина која ја започнаа кон крајот на февруари, а нивната тековна офанзива на истокот на Украина оствари минимални територијални придобивки.

Но, додека Русија не успеа и во обидите брзо да ја заземе цела Украина и потоа да ги опколи украинските трупи во опколените области, Киев сега оценува дека војната влегува во „трета фаза“ во која руските сили ќе се обидат да ја одбранат заземената територија.

„Ова покажува дека тие планираат да направат долга војна“, изјави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Виктор Андрусив.

„Се чини дека Москва мисли дека со одолговлекување на војната, дека на овој начин може да го принуди Западот на преговарачка маса и да ја натераат Украина да попушти“, рече Андрусив.