Претседателот на САД Џо Бајден ја истакна „блиската безбедносна и одбранбена соработка“ меѓу Соединетите Држави, Финска и Шведска во заедничкиот повик на 13 мај со лидерите на тие земји, во кој тој, исто така, ги охрабри нивните претстојни кандидатури за членсто во НАТО поради нападот на Русија врз Украина.
Во повикот од Белата куќа се вели дека Бајден пред шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Ниинисто ја повторил „нивната заедничка посветеност за континуирана координација за поддршка на Украина и украинскиот народ погоден од војната.“
Белата куќа и Пентагон подоцна соопштија дека бараат појаснување за потенцијалните приговори од страна на членката на НАТО Турција за финското и шведското членство.
Шведската и финската влада оваа недела претставија планови да ги обврзат своите земји веднаш овој викенд да аплицираат за членство во НАТО, како резултат на заканата проектирана од Москва.
„Претседателот Бајден ја истакна својата поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и за правото на Финска и Шведска сами да одлучуваат за својата иднина, надворешна политика и безбедносни аранжмани“, соопшти Белата куќа.
Многу членки на алијансата веќе изразија поддршка за апликациите на Шведска и Финска, кои традиционално беа неутрални земји. Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 13 мај рече дека нема „позитивно мислење“ за нивното членство.
Пристапувањето во НАТО бара едногласна поддршка меѓу 30-те земји-членки.