Османи на дводневен самит на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи, што ќе се одржи во Берлин.

Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНР, ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.

На состанокот, според соопштението, се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот, согласно најавите од МНР, се очекува министерот Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и други учесници.