Британија и САД работат на следните чекори за воена помош за Украина

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас и неговиот американски колега Лојд Остин разговарале за следните чекори за помош на Украина, вклучително и воена помош, се вели во соопштението објавено од Министерството за одбрана.

„Ќе продолжиме да работиме со единство и решеност да и обезбедиме на Украина она што и е потребно за да се одбрани од неиспровоцираната инвазија на Русија. Разговаравме за следните чекори за обезбедување одбранбена поддршка за Украина, како и за АУКУС (одбранбен пакт меѓу Австралија, САД и Британија), иднината на НАТО и други аспекти од нашата заедничка безбедност“, порача Валас по состанокот со Остин во средата во САД.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел денеска вети дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина. Русија ја започна инвазијата врз украина на 24 февруари.