Битиќи: Ребалансот на Буџетот за десетина дена на владина седница

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека се уште не може да каже колкава ќе биде висината на заемот од ММФ и од други извори. Тој рече дека се прават последните проекции и ребалансот на Буџетот е при крај. Според него, висината на заемот ќе се знае за десетина дена, кога ребалансот на Буџетот, како што Битиќи очекува, треба да се најде на владина седница.

„Се уште не можам да кажам, се додека немаме одговор. Мисијата на ММФ е завршена, но се уште немаат испратено извештај. Се чека одговор од нивна страна. Да почекаме уште некој ден. Се надевам дека за десетина дена ќе дојде ребалансот на Влада. Тогаш ќе имате одговор и колку пари се бараат како еврообврзница, колку од ММФ, колку од други извори, рече Битиќи“, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Брако“ во Велес.

Со Буџетот за 2022 кој се уште е сила е предвидено државата надвор да се задолжи за 350 милиони евра. Неофицијалните информации велат дека Владата од ММФ планира да позајми околу 900 милиони евра.