Нови 89 случаи на ковид-19 и едно починато лице

Во последните 24 часа регистрирани се 89 нови случаи на ковид 19 од кои 20 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 634. Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице, соопшти Министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85). Лицето починало во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70). Лицето починало во домашни условина 30 април 2022 година.

Ковид вакцини има, ама нема кандидати за нивно примање

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.