Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија. Ова го соопшти француското Министерство за надворешни работи и Европа, средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна Македонија, Бујар Османи.
Идејата на Макрон за Западен Балкан надвор од ЕУ
Во соопштението е наведено дека Дриан на 11 мај разговарал со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.
„Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Во него е наведено дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.