Борел-ЕУ ќе и даде на Украина уште 500 милиони евра воена помош

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, вети дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина. Тој во разговор со медиумите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во северна Германија изјави дека воената поддршка ќе биде за тешко оружје, како што се тенкови и артилерија и ќе ја зголеми помошта од ЕУ за Украина на околу 2 милијарди евра.

„Нов поттик за воена поддршка. Тоа ќе биде поголем притисок врз Русија со економски санкции и продолжување на меѓународната изолација на Русија и спротивставување на дезинформациите“, изјави тој.

Борел посочи дека е уверен оти во наредните денови може да се постигне договор за ембарго на руската нафта.

Зеленски вели дека е подготвен да разговара со Путин

„Сигурен сум дека ќе имаме договор. Ни треба и ќе го имаме. Мораме да се ослободиме од зависноста од нафтата од Русија. Ако нема договор на ниво на амбасадори, тогаш во понеделник на 16 мај министрите кога ќе се соберат и ќе треба да дадат политички импулс“ изјави тој.

Агенција за разузнавање на САД: Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус повика на испорака на повеќе оружје во Украина.

„Многу е важно во овој момент да го продолжиме притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин со испорака на повеќе оружје за Украина, со зголемување на санкциите“, рече Трус на маргините на состанокот.