Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и дека мора да најдат договор без ултиматум. Тој за италијанската државна телевизија РАИ изјави дека Украина никогаш нема да го признае Крим како дел од Русија. „Крим секогаш имал своја автономија, имал свој парламент, но во рамките на Украина“, рече Зеленски.
Агенција за разузнавање на САД: Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина
Запрашан да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон со предупредување за понижувањето на Путин, Зеленски рече дека сака руската армија да ја напушти Украина и „нема да го чува лицето на Путин со плаќање со украинска територија“, што би било неправедно. „Мораме да размислуваме за иднината на Русија. Јас како претседател на Украина велам дека тоа се нашите соседи. Ќе има и други претседатели и други генерации“, рече Зеленски.