Германската компанија Сименс АГ соопшти дека целосно ќе ги запре своите активности и ќе излезе од рускиот пазар поради неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина.
Ова е последниот удар за економијата на веќе опустошениот руски пазар од меѓународните санкции и егзодусот на стотици фирми.
Во денешното соопштение мултинационалната фирма истакна дека „почнала постапка за прекин на индустриските операции и сите индустриски деловни активности“ во Русија.
„Ја осудуваме војната во Украина и одлучивме да спроведеме уреден процес за да ги прекинеме нашите индустриски деловни активности во Русија. Ова не беше лесна одлука, со оглед на нашата должност да се грижиме за нашите вработени и долготрајните односи со клиентите, на пазар каде што сме активни речиси 170 години“, изјави претседателот и извршен директор на компанијата Роналд Буш.
Тој додава дека обезбедуваат хуманитарна помош за нивните колеги и народот на Украина и дека стојат со меѓународната заедница во повикот за мир.
Откако Москва ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари, стотици компании од целиот свет и од сите сектори ги прекинаа операциите во Русија или целосно се повлекоа од земјата.
Сименс веќе ги суспендираше сите нови бизниси во Русија и Белорусија, што му обезбедуваат поддршка на Кремљ за време на војната.
Во Русија, Сименс произведуваше апарати за домаќинство и електроника. Компанијата, исто така, произведе електрични возови Ласточка и товарни електрични локомотиви во заедничко вложување со инженерската компанија за железници „Урал локомотиви“ и обезбеди техничка поддршка за брзите електрични експресни возови „Сапсан“ произведени во Русија.