Украинскиот извоз на жито овој месец падна за повеќе од половина поради стравувањата дека руската неиспровоцирана инвазија може да има огромно влијание врз снабдувањето со храна ширум светот.
Податоците на украинското Министерство за земјоделство објавени денеска покажуваат дека извозот овој месец изнесувал 298.000 тони -- 284.000 тони пченка, 8.000 тони јачмен и 6.000 тони пченица -- во споредба со 667.000 тони житни култури во истиот период минатата година.
Во соопштението на украинскот министерство не беше наведено како е испорачано житото.
Мишел- Блокиран извозот на жито од Одеса поради руските напади
Украина која е главен производител на житарки, извезла до 6 милиони тони жито еден месец пред Русија да ја нападне земјата во февруари. Најголем дел, околу 4,5 милиони тони, тогаш биле извезени преку поморските пристаништа.
Украина беше принудена од руската инвазија да извезува со воз преку нејзината западна граница, нејзините мали пристаништа на реката Дунав или романското црноморско пристаниште Констанца.
Украина формално ги затвора главните пристаништа
На 2 мај Украина привремено затвори четири поморски пристаништа додека земјата не ја „поврати контролата над нив“.