Советот за човекови права на ОН денеска ќе одржи вонреден состанок, на барање на Киев и со поддршка на десетина земји, за „влошената ситуацијата со човековите права во Украина“ поради руската инвазија. Тоа е прв состанок на оваа тема откако Генералното собрание на ОН ја суспендираше Русија од телото, највисокото тело на меѓународната организација за човекови права, во почетокот на април. Меѓутоа, Москва, која предвиде дека ќе биде суспендирана, а претходно се откажа од статусот членка на Советот за човекови права, може, доколку сака да учествува на состанокот како земја набљудувач, со право на одговор.
Обединетите нации ја исклучија Русија од Советот за човекови права
Сепак, Украина ја продолжува дипломатската борба во Женева да ја изолира Русија со помош на нејзините главни западни сојузници. „Заедно ќе испратиме уште една силна порака до Путин и неговата клика воени злосторници: вие сте изолирани како никогаш досега“, рече украинската амбасадорка во ОН Јевхенија Филипенко во видеото објавено на Твитер. Украинската мисија во ОН го повикува Советот за човекови права „да дејствува на ужасните кршења на човековите права и воените злосторства извршени од Русија во Украина“.
Гилмор за РСЕ: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина
„Сакаме ОН да преземат конкретни мерки за борба против кршењето на човековите права извршени од Русија и воените злосторства извршени врз нашиот народ на дневна основа“, рече Филипенко, додавајќи дека тоа ја вклучува истрагата за воените злосторства извршени од Русија во Буча и другите ослободени украински зони. Тоа ќе биде и можност, рече таа, меѓународната заедница да се фокусира врз ситуацијата во Мариупол, како и врз присилниот трансфер на украинското население и други прекршувања на правата на невините украински цивили. „Нема да престанеме да се обидуваме да обезбедиме сторителите на овие злосторства да одговараат“, рече таа.