Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, на вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН изјави дека промените во уставниот поредок во Босна и Херцеговина не можат да се прават еднострано, туку само преку одлуките на државниот Парламент. Поднесувајќи извештај за ситуацијата во БиХ до Советот за безбедност, Шмит посочи дека мора да се почитуваат одлуките на Уставниот суд на БиХ и Дејтонските принципи, наведувајќи дека „заканите за уставниот поредок на БиХ доаѓаат од Република Српска“, но дека „опасни барања доаѓаат од другите делови на земјата“.
Шмит го спречи обидот на Република Српска да го преземе државниот имот
Високиот претставник истакна дека повеќепати повикувал на разговори за уставниот систем, но дека, како што рече, не добил никаков одговор од РС. Тој посочи дека РС усвојува закони кои би можеле да ја загрозат уставната основа на БиХ, нарекувајќи го тоа поткопување на суверенитетот на БиХ. Постои можност за формирање ентитетска армија, наведе Шмит, додавајќи дека владејачката партија во РС, Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), се залага за мирна дисолуција на државата. Тој додаде дека речиси 30 години од крајот на војната во БиХ, земјата повторно шпекулира за можноста за вооружен конфликт, нагласувајќи дека „е невозможно мирно одвојување во Западен Балкан“.