Премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел синоќа во Брисел одржаа средба на која ја истакнаа потребата за брзо остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност. Во таа насока, како што информираа од Кабинетот на Ковачевски, било истакнато дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија.
Петков: Иднината на Северна Македонија и Албанија треба да биде во ЕУ
За време на разговорот било нагласено дека Владата останува посветена на реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда. Ковачевски оствари средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, на која двајцата соговорници заклучија дека војната во Украина наметнала неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и итни преговори со Северна Македонија како приоритет.