Нови 93 случаи на ковид 19, нема починати

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1 365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на ковид 19. Најмногу од новозаразените се во Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1 случај. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe и 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.