Се уште не е познато дали високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит ќе зборува на денешната седница на Советот за безбедност на ОН, бидејќи Русија и Кина го спречија неговото именување минатото лето во тоа тело. Во својот прв извештај до Советот за безбедност на ОН, Шмит оцени дека БиХ се соочува со зголемени закани за нејзината стабилност и интегритет, предупредувајќи на политиката што ја спроведува владата во Република Српска, предводена од Милорад Додик. Шмит посочи дека најавите за „територијална реорганизација“ на БиХ, кои доаѓаат од редовите на Хрватската демократска заедница на БиХ, се исто така неприфатливи поради неуспехот да се постигне договор за изборните реформи.
Русија нема да дава пари за Канцеларијата на високиот претставник за БиХ
Советникот на американскиот државен секретар Дерек Шолет вчера изјави дека САД остануваат посветени на спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор и мандатот на високиот претставник Шмит. „Му се заблагодарив на високиот претставник Шмит за неговиот полугодишен извештај до Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ. Соединетите Држави остануваат посветени на мандатот на високиот претставник и целосното спроведување на Дејтон за да се осигура дека сите граѓани на БиХ имаат подобра иднина“, напиша Шолет на Твитер.