Од УЧК до Москва...
КОСОВО / ХОЛАНДИЈА - Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи и другите поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) - Кадри Весели, Рехџеп Селими и Јакуп Красниќи, се изјаснија за невини по новите обвиненија за воени злосторства од потврденото изменето обвинение, поднесено од Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг.
ШПАНИЈА - Шпанската влада го отпушти шефот на разузнавањето Паз Естебан поради скандалот со двојно хакирање на телефоните со шпионскиот софтвер Пегаз, објави денеска министерката за одбрана Маргарита Роблес.
САД / РИУСИЈА - Соединетите Држави веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина, изјави денеска директорката на Националната Агенција за разузнавање на САД, Аврил Хејнс.
МАКЕДОНИЈА - Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи Владата на денешната седница на која донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.
МАКЕДОНИЈА - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) соопшти дека со огромна радост испраќа честитки до верниот македонски православен народ и до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и сиот свет клир на Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија, за одлуката на првопрестолната Вселенска патријаршија со која се признава и прима во канонско единство нашата света Македонската Православна Црква - Охридската архиепископија.
ФИНСКА - Приклучувањето кон НАТО е најдобрата опција за Финска да ја гарантира својата национална безбедност, соопшти комисијата за одбрана на финскиот парламент, пред неодамнешната официјална одлука на Финска за тоа дали да се приклучи или не на западната одбранбена алијанса.
МАКЕДОНИЈА - Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваа транспаренти на почетокот на 71. собраниска седница, со што ја стартуваа најавената блокада на Собранието.
УКРАИНА - Руските сили ги ескалираа своите напади врз фабрика за челик во јужното пристаниште Мариупол. Таму се последните украински бранители, многумина од нив ранети, а најмалку 100 цивили сè уште се заробени. Проектили паѓаат и врз стратешки важното црноморско пристаниште Одеса.
ЛИТВАНИЈА - Литванските пратеници едногласно усвоија резолуција со која Русија ја признаваат како терористичка држава, a неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина ја нарекуваат „геноцид врз украинскиот народ
РУСИЈА - Запрашан дали Русија ќе отфрли превентивен тактички нуклеарен напад врз Украина, рускиот заменик министер за надворешни работи денеска рече дека одлуката за можна употреба на нуклеарно оружје е јасно наведена во руската воена доктрина.