Младите учесници доаѓаат од различни држави, но се согласуваат дека имаат исти или слични проблеми. Конференцијата се организира со поддршка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) и скопскиот огранок на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Ова е една од низата активности под слоганот #ThinkForward, со кои Делегацијата на ЕУ заедно со Europe housе го одбележуваат, 9-ти мај, Денот на Европа. Она што ќе заклучат ќе му го презентираат на премиерот Димитар Ковачевски, на седницата „Преземање од страна на Владата” на 12-ти мај во 13:30 часот, која Владата ќе ја пренесува во живо.
Млади од регионот дебатираа во Скопје: Проблеми подвлечени со црвено
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Денеска завршува дводневната конференција, на која 30 млади луѓе од Западен Балкан дебатираа во Младинскиот културен центар во Скопје, на три теми - ментално здравје, зајакната регионална соработка и помирување, како и за Европскиот зелен договор.