Највисока инфлација во Грција во скоро три децении

Илустративна фотографија.

Официјалните податоци на грчката статистичка служба покажуваат дека инфлацијата во Грција во април била на рекордно ниво од 10,2 отсто, што е највисока во последните 28 години, односно од 1994 година наваму.

Најголемо зголемување за една година од 122,2 проценти има цената на природниот гас, додека цената на електричната енергија е зголемена за 88,8 проценти, а нафтата за 65,1 отсто.

Во однос на прехранбените продукти, цената на маслото за јадење е повисока за 22 проценти во споредба со минатата година, место за 14,1 отсто, зеленчукот за 13,8 отсто, млечните производи и јајцата за 11,7 отсто, на лебот и житните производи за 10 проценти.

Покачувањата на цените, освен на годишно, се и на месечно ниво, со 26,2 отсто поскап природен гас во месец април, споредбено со март, за 20,7 отсто поскапо јагнешко месо, над шест проценти поскапо месо, пет проценти за лебот итн.

Инфлацијата во Грција во март беше 8,9 отсто.