Економијата на Украина оваа година ќе се намали за речиси една третина по започнувањето на руската инвазија, соопшти денеска Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
ЕБРД соопшти дека производството на Украина ќе се намали за 30 отсто, односно 10 отсто повеќе во споредба со прогнозата од минус 20 проценти дадена од ЕБРД во март, непосредно по почетокот на војната.
Банката со седиште во Лондон ги објави предвидувањата на отворањето на својата годишна конференција во мароканскиот град Маракеш. Во соопштението се додава дека економијата на Украина ќе закрепне за 25 проценти во 2023 година, што е повеќе во однос на мартовска прогноза од 23 проценти.
Руската блокада драстично го погоди клучниот земјоделски сектор во Украина, бидејќи земјата е главен извозник на пченица и сончогледово масло.
Борбите, исто така, ги запреа испораките на кабли од Украина увезени од европските производители на автомобили. ЕБРД додаде дека економијата на Русија погодена од санкции ќе се намали за 10 отсто оваа година и ќе забележи нула раст следната година. Истите проценки за Русија беа дадени и во март.