Обединетите Нации (ОН) соопштија дека цивилните жртви во Украина надминале 7.000, откако Русија во февруари ја започна својата неиспровоцирана инвазија.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во соопштението наведува дека до 9 мај загинале 3.381 лице, меѓу кои 235 деца, а други 3.680 луѓе биле повредени.
Канцеларијата соопшти дека најголем дел од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје коешто зафаќа широка површина, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади.
„ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи приемот на информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложен и многу извештаи сè уште чекаат потврда“, се вели во соопштението.
Во него се посочени градовите како Мариупол, Изиум и Попасна, каде што има наводи за бројни цивилни жртви.