Фон дер Лајен: Постигнат напредок со Унгарија во врска со ембаргото на руската нафта

Виктор Орбан и Урсула фон дер Лајен во седиштето на ЕУ во Брисел на 23 април 2021 година.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Унгарија за предложената забрана на Европската унија за увоз на руска нафта, но треба уште многу да се работи.
„Разговорот со премиерот Виктор Обан помогна да се разјаснат прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност“, напиша на Твитер Фон дер Лајен, која пристигна во Будимпешта за да се обиде да го отстрани унгарското противење на предложеното ембарго на ЕУ.

ЕУ сè уште нема договор за нафтени санкции кон Русија

Таа додаде дека бил „постигнат напредок“ во разговорите и дека ќе одржи видео-конференција со другите земји во регионот за „јакнење на регионалната соработка за нафтената инфраструктура“. Будимпешта го блокираше планот на ЕУ за воведување ембарго на увозот на руска нафта. ЕУ се соочува со одредено противење од неколку земји-членки кои во голема мера се потпираат на руската енергија, вклучително и Унгарија, во врска со шестиот пакет санкции против Русија поради ембаргото за увоз на нафта.