РПЦ: Ги признаваме исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија

Свештенството на Руската православна црква за време на литургија во московската катедрала Христос Спасителот

Откако Вселенската патријаршија вчера ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија. „Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ, пред сѐ ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија“, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

По канонското признавање на Охридската архепископија се отвора пат за признавање на автокефалност на МПЦ

Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска, за автокефалност и натаму ќе се преговара

Од Вселенската патријаршија, по вчерашното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа. Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.