Шолц-Северна Македонија направи храбри чекори за отпочнување преговори, не треба да ги обесхрабриме

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребно да се испратат јасни сигнали за земјите од Западен Балкан и дека треба да се одржат ветувањата. Во однос на предлогот на Макрон за „европска политичка заедница тој го оцени како „многу интересен предлог за соочување со големите предизвици со кои се соочува ЕУ“, осврнувајќи се на проширувањето кон земјите од Западен Балкан и Северна Македонија.

„Оваа идеја не не спречува да го завршиме, тоа што го започнавме и на што работиме веќе извесно време. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие донесоа многу длабоки и храбри одлуки. Тоа треба да биде наградено. Го наведувам примерот на Северна Македонија, таа имаше храбри политички лидери кои направија храбри чекори за да започне процесот на зачленување. Ние не треба да ги обесхрабриме тие храбри чекори“, изјави германскиот канцелар.

Макрон изјави дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно.

„За да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна“, рече Макрон.

Макрон притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.

„Но мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. За да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа“ изјавил Макрон.

Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност“ на континентот.

Макрон бара институцинална реформа во ЕУ

„Се досега на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години“, изјави Макрон.

Според Макрон може да се има забрзана процедура, за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина.

„Нно сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија“, додаде тој.