Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур изјави дека ги поддржува повиците за конвенција на која ќе се разговара за можни промени на договорите што ја регулираат Европската унија. Макрон истакна дека тој е „ за да се спроведе оваа институционална реформа“ во ЕУ, јавува германската новинска агенција ДПА.
Во говорот Макрон ги повтори предлозите на граѓаните за реформирање на ЕУ кои беа претставени на крајот на април како резултат од големиот едногодишен граѓански дијалог за иднината на блокот, таканаречената Конференција за иднината на Европа.
Макрон ги презеде уздите на ЕУ додека го чекаат избори
Макрон рече дека сака да разговара за можни промени на договорите на ЕУ на следниот лидерски самит кој треба да се одржи во јуни.
„Оваа нова европска организација ќе им овозможи на демократските европски нации да најдат нов простор за политичка соработка, безбедност, соработка во енергетиката, транспортот, инвестициите, инфраструктурата, движењето на луѓето“ изјави Макрон.
Макрон ја потврди перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ
Франција го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија во јануари годинава. Макрон во својот говор тогаш вети дека за тој шест месечен период ќе се забележи напредок за сите земји членки.