Руски амбасадор во Полска погоден со балони со црвена боја

Демонстрантите во Полска го полеаа со црвена боја рускиот амбасадор Сергеј Андрејев додека се обидуваше да положи цвеќе на советските воени меморијални гробишта во Варшава за војниците на Црвената армија кои загинаа за време на Втората светска војна.

Во видеото од нападот се гледа како еден активист фрла црвена боја од зад Андрејев пред друг активист што стои покрај него, да му фрли боја директно на лицето додека протестираа против руската неиспровоцирана инвазија на Украина.


Андрејев бил опколен од демонстрантите, кои држеле украински национални знамиња и извикувале „Фашист!“

Тој и неговата делегација беа спречени да положат цвеќе на гробиштата за да го одбележат поразот на нацистичка Германија во 1945 година.

Полска е еден од најострите критичари на руската војна во Украина.
Повеќе од 3,2 милиони бегалци се преплавија во Полска од Украина како резултат на борбите, кои започнаа на 24 февруари.