Американската администрација испрати група американски дипломати во Киев и очекува повторно да ја отвори амбасадата во украинскиот главен град во наредните недели, објави телевизијата Си-Би-Ес, повикувајќи се на извори во Стејт департментот. „Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испраќа група американски дипломати назад во американската амбасада во Киев за да бидат таму на Денот на победата на Русија на 9 мај, кога земјата ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна“, се вели во извештајот.
САД се надеваат дека наскоро ќе ја вратат амабасадата во Киев
Според еден од американските претставници, тоа е направено со цел да се спротивстави на „руската пропаганда за конфликтот во Украина, која САД очекуваат да ја слушнат од Кремљ на 9 мај“. Извори од американската надворешна политика изјавија за Си-Би-Ес дека Вашингтон се надева оти повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев во наредните недели.