Времето денеска: сончево и топло со умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде од 17 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 25 степени.