Првата дама на Соединетите Држави, Џил Бајден, допатува во ненајавена посета на западна Украина, каде што се сретна со Олена Зеленска, сопругата на претседателот, во училиште кое е претворено во преодно домување за украинските мигранти.
„Сакав да дојдам на Денот на мајката. Мислев дека е важно да му покажам на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане и дека оваа војна е брутална и дека народот на Соединетите Држави се со народот на Украина“ и рече Бајден на Зеленска.
Првата дама на САД ќе се сретне со украински бегалци во Романија и Словачка
Двете жени се сретнаа во мала училница во училиште во градот Ужхород, на околу 10 минути возење од едно словачко село кое граничи со Украина. Зеленска и нејзините деца престојуваат на непозната локација заради нивна безбедност. Зеленска и се заблагодари на Бајден за нејзиниот „храбар чин“ и изјави:
„Ние разбираме што е потребно за првата дама на САД да дојде овде за време на војна, кога воените дејствија се случуваат секој ден, каде што воздушните сирени се случуваат секој ден, па дури и денес“, рече Зеленска.
Бајден ја пофали Романија за помошта кон украинските бегалци
Инаку Бајден е на четиридневна посета на Романија и Словачка двете земји сојузници на НАТО за да ја покаже поддршката на САД за украинските бегалци.