Рускиот претседател Владимир Путин вети дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, честитајќи им ја на поранешните советски народи 77-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.
„Денес нашите војници, како и нивните предци, се борат рамо до рамо за да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија со убедување дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша. Денес, наша заедничка должност е да го спречиме повторното раѓање на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји“, рече Путин, кој на 24 февруари започна руската инвазија во Украина.
- Зеленски по повод Денот на победата: Злото се врати!
- Руски сценарија за Денот на победата над фашизмот: Војна или општа мобилизација?
Путин инсистираше на тоа дека во Украина има фашисти кои се закана за Русија и за рускојазичното малцинство во источна Украина, за кое Москва тврди дека го „ослободува“. Тој, исто така, рече дека посакува „мирна и праведна иднина за целиот народ на Украина“.
Москва во понеделник официјално ќе ја одбележи победата над нацистичка Германија со традиционална воена парада.