Талибанските власти во Авганистан одлучија жените да мора да ги покриваат лицата на јавно место во таа земја, според указот на врховниот лидер на групата Хибатула Ахунџада.
Ројтерс пишува дека одлуката води кон ескалација на растечките ограничувања за жените во јавноста, кои се осудени и од меѓународната заедница и од многу Авганистанци.
Неименуван портпарол на Министерството за пропаганда на доблести и спречување на пороците го прочита указот на талибанскиот лидер на прес-конференција во Кабул.
- Водачот на Талибаците бара меѓународно признавање на неговата влада
- Жени не смеат да се дружат со мажи во забавни паркови во Кабул
Според одредбата таткото или најблискиот машки роднина на жената ќе биде посетен и затворен или отпуштен, ако таа не го покрие лицето кога ќе излезе од куќата. Талибанците додадоа дека „идеалното покривање на лицето е сеопфатната сина бурка“, која стана глобален симбол на претходните талибански власти кои владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година.
Повеќето жени во Авганистан носат шамија од религиозни причини, но голем број од нив во урбаните средини, како што е Кабул, не го покриваат лицето, пишува Ројтерс.
Талибанските власти беа критикувани за зголемените ограничувања на правата на жените. Критиките дојдоа најмногу од западните влади, но и од верските научници и други исламски земји.