Фудбалскиот клуб Челзи објави дека се договорени условите за продажба од 4,25 милијарди фунти (5,2 милијарди долари) на конзорциумот предводен од Тод Боли, косопственик на безбол тимот ЛА Доџерс.
Челзи беше ставен на продажба пред нивниот сопственик Роман Абрамович да биде санкциониран за наводни врски со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина.
„Новите сопственици ќе платат 2,5 милијарди фунти за акциите на клубот“, се наведува во соопштението.
Парите ќе одат на замрзната банкарска сметка која ќе биде донирана во хуманитарни цели.
Конзорциумот предводен од г-дин Боли, како и Clearlake Capital, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансјоерг Вис исто така ќе обезбеди 1,75 милијарди фунти за инвестирање во клубот од Премиер лигата.
Во соопштението, Челзи соопшти дека продажбата се очекува да биде завршена до крајот на мај. За преземање ќе биде потребно одобрение од англиските фудбалски власти и британската влада.
Според Форбс, Боли кој е познат американски инвеститор и бизнисмен, има пријавена нето вредност од 4,5 милијарди долари. Тој е косопственик на Доџерс , американската бејзбол франшиза и американскиот женски кошаркарски тим Лос Анџелес Спаркс и поседува удел во познатата НБА франшиза на ЛА Лејкерс.