Фон дер Лајен убедена дека ЕУ ќе го усвои новиот пакет санкции против Русија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска рече дека е убедена дека новиот пакет санкции против Русија ќе биде одобрен во Европската унија (ЕУ).

„Уверена сум дека ќе го реализираме овој пакет“, рече фон дер Лајен.

Taa изјави и дека војната во Украина и неопходните санкции против Русија се „еден вид тест за економиите“, нагласувајќи дека ЕУ е на страната на Украина.

„Сакаме Украина да победи во оваа војна“, рече Фон дер Лајен.

Таа исто така изјави дека ЕУ мора да ја намали зависноста од рускиот гас и дека Русија повеќе не е „доверлив партнер“.

Претставниците на ЕУ денеска повторно се состануваат за да разговараат за предложениот пакет санкции против Русија, а разговорите се очекуваат во текот на викендот.

На 4 мај, Европската комисија предложи следната рунда санкции да вклучи етапна забрана за увоз на руска нафта, што, доколку биде одобрено, ќе биде најтешкиот потег против енергетскиот сектор на Русија досега.Некои земји на истокот на ЕУ се загрижени дека нема да им се даде доволно време да се приспособат, иако овој предлог најавуваше дека Унгарија и Словачка ќе добијат рок до крајот на 2023 година.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја не може да поддржи нов пакет санкции што вклучува ембарго за увоз на нафта од Русија.