СЗО: Скоро 15 милиони смртни случаи поврзани со коронавирус

Скоро 15 милиони луѓе умреле од инфекција со коронавирус или од нејзиното влијание врз пренатрупаните здравствени системи во последните две години, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Би-Би-Си наведува дека бројот на смртни случаи е речиси 15 милиони, што е за 13 отсто поголем од вообичаениот број на смртни случаи во светот за две години. Најголем број на смртни случаи има во Југоисточна Азија, Европа и Америка. Според официјалните податоци на СЗО, вкупниот пријавен број на починати од коронавирусот во светот е 5,4 милиони. СЗО користи методологија наречена „прекумерна смртност“ или „вишок морталитет“, односно пресметува уште колку луѓе починале во однос на очекуваниот број на смртни случаи врз основа на стапката на смртност пред пандемијата.

Во Кина забележан рекорден број на новозаразени со коронавирус

Научниците овластени од СЗО да го проценат вистинскиот број на смртни случаи од инфекција со коронавирус од јануари 2020 година до крајот на минатата година, процениле дека има меѓу 13,3 и 16,6 милиони смртни случаи. Овие смртни случаи беа директно предизвикани од коронавирусот или се припишуваат на влијанието на пандемијата врз здравствените системи, вклучително и пациентите со рак кои не можеа да се излечат додека болниците беа полни со пациенти со ковид-19. Земји со ниска стапка на смртност се Кина, Австралија, Јапонија и Норвешка.