Матичарите со автомобили на протест, блокиран центарот на Скопје

Протест на независниот сидникат на управата за водење матични книги

Со автомобили вработените во Управата за водење матични книги протестот го започнаа од пред Собранието кон министерство за правда. Улиците во центарот на градот беа блокирани. Се очекува по протестот претставници на Независниот сидникат на управата за водење матични книги да се сретнат со министерот за правда Никола Тупанчевски.

Тие бараат нов Колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа. Потпретседателот на синдикатот Игор Јовановски за Радио Слободна Европа вели дека нивните две основни барања многу лесно може да се решат, ако за тоа има волја.

Иако се во штрајк, вработените издаваат дел од документите кои се за потреби на граѓаните поврзани со странство, како за лекување, смртни случаи, раѓање и слично, а се склучуваат и бракови кои се закажани до 26 април.

Неколку пати од почетокот на штрајкот, од синдикатот обвинија дека се врши притисок кон вработените да го прекинат.