Федералните резерви на САД (ФЕД) ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за половина процентен поен, што е нејзин најагресивен потег од 2000 година. Федералните резерви на тој начин ја интензивираа борбата против највисоката инфлација во последните 40 години и укажаа на натамошни големи зголемувања на каматните стапки. По зголемувањето, основната каматна стапка на ФЕД ќе биде меѓу 0,75 и еден процент, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата на коронавирусот пред две години.
Руската централна банка најави намалување на основната каматна стапка
Со зголемувањето на цените на храната, енергијата и стоките за широка потрошувачка, целта на ФЕД е да ја забави потрошувачката и економскиот раст со тоа што ќе го поскапи позајмувањето за поединци и компании. Централната банка се надева дека повисоките трошоци за задолжување ќе го забават трошењето доволно за да се ограничи инфлацијата, но не толку за да предизвика рецесија.